По уште едно разочарување и уште една сезона без освоен трофеј, Хери Кејн призна дека не е задоволен од формата на Тотенхем, порачувајќи дека „топ 4 пласман не е доволен“.
Англискиот капитен, кој има 20 гола оваа сезона за да стане најдобриот стрелец во историјата на клубот, повторно ќе остане без титула – Тотенхем веќе испадна од ФА купот и Лига купот, а вчера беа елиминирани од Милан во осминафиналето на Лигата на шампиони. Тие се на четвртото место во Премиерлигата, но тоа веќе не го задоволува Англичанецот.
„Во позицијата во која сме како клуб, треба да освојуваме трофеи. Тоа секогаш е целта. Топ 4 пласман на крајот на краиштата значи дека не играме како што играме. Сега ни останува да се бориме за таа цел и да се надеваме дека ќе ја оствариме до крајот на сезоната. Но, сигурно, тоа не е доволно за овој клуб“, вели Кејн.
Тотенхем имаат само две победи во последните седум меча во сите натпреварувања, и сегашната ситуација дава голема неизвесност за иднината на Кејн, но и на менаџерот Антонио Конте.
Извор: Топспорт