Американската тјунинг компанија „Хенси“ од Тексас го најави новиот „Веном Ф5“ со 1.400 коњски сили и максимална брзина од 467 километри на час.
Моделот ќе биде претставен во 2016 година и претставува директна закана за „Бугати Верон“.
„Хенси Веном Ф5“, доколку ги потврди посакуваните перформанси ќе ја преземе титулата најбрз сериски автомобил на светот.
Моторот на „Хенси Веном Ф5“ е 7.0 литарски В8 со два турбо полначи, надграден систем за гориво и подобрен капацитет за ладење. Точната моќност на моделот не објавена, но се очекува да биде над 1.400 коњски сили.
Каросеријата е преземена од „Лотус Елис“, а со карбонско тело ќе постигнува отпор на возух помал од 0,4 и ќе има тежина од 1.244 килограми.
„Хенси Веном“ ќе биде произведен во 30 примероци и ќе биде достапен по цена од над 900.000 евра.