Првиот дуел на Двајт Хауард со екипата која го драфтуваше како прв пик и во која ги мина првите осум години од својата кариера не беше уште еден обичен натпревар за ол-стар центарот, кој на крајот со својата игра и придонесе во победата на Орландо среде Лос Анџелес од 113:103.
Додека Хауард во последната четвртина не успеваше да погоди од линијата за слободни гостите од Флорида ја направија клучната серија од 12:2 во која Џеј-Џеј Редик и Џамир Нелсон постигнаа тројки.
Кај Орландо, кој последната четвртина успеа да ја добие со 40:26, најефикасен беше Арон Афлало со своите 30 поени, следен од Глен Дејвис, кој додаде 23 поени и 12 скокови. Нелсон застана на 19 поени и 13 асистенции, а Никола Вучевиќ имаше одлични 17 поени, 12 скокови и четири блокади.
Кај Лејкерси, кои сега имаат скор 8-9, а под новиот тренер Мајк Д’Антони се 3-4, прв стрелец беше Коби Брајант со 34 поени. Хауард додаде 21 поен и 15 скокови, а Мета Ворлд Пис имаше 15 поени.