Двајт Хауард признава дека поради моменталните односи помеѓу неговите колеги во Лејкерс, тој не се чувствува среќно во жолтиот дрес на „Езерџиите“.
После поразот од градските ривали Лос Анџелес Клиперс, Коби Брајант, индиректно се осврна на односот на Хауард, кој на тој меч, постојано се „смешкаше“ иако неговиот тим во еден момент имаше и преку 20 поени негатива.
„Се чувствувам бедно и изнервирано. Се надевам дека истото го чувствуваат и моите колеги, па работите ќе тргнат на подобро со текот на сезоната. Кога некој ќе те прегази со 20-30 поени разлика, најмалку што размислувам е да се смеам и зафркавам со противникот“ гласеше изјавата на Коби, пред неколку дена.
Секако ова се однесуваше на Хауард, кој и покрај огромната негатива на тој меч, се смееше и забавуваше со противниците, небаре се соиграчи.
„Не ме прашувајте за промена на крајот од сезоната. Концентриран, и максимално посветен сум на престојнава. Мојот приоритет е да уживам и да се забавувам на паркетот. Вистина е дека во овој момент не сум среќен во Лејкерс, и тоа не го кријам“ изјавил високиот центар.