Светски познатиот производител на мотори Харли-Дејвидсон претстави прв модел на електричен мотор кој засега нема име. Компанијата одличила да следи чекор со останатите производители, но го задржува препознатливиот дизајн.
Според техничките карактеристики, моделот ќе забрзува од 0-100 км/час за помалку од 4 секунди, со максимална брзина од 150 км/час.
Времето да се наполни батеријата е 3-4 часа. Со полна батерија моторот може да помине 85 км. Засега не се знае ниту цената на моторот.