Харден со 43 поени во победата на Хјустон, Лејкерси без Леброн загубија од шампионот

Од:

Џејмс Харден ја надмина границата од 40 поени по 19-ти пат во текот на сезоната и му помогна на Хјустон да го порази домаќинот во Јута со 125: 98 во меч од регуларниот де на НБА лигата.

Харден заврши со 43 поени, 12 скокови, 6 украдени топки, 5 асистенции и 4 блока, реализирајќи ги сите 15 обиди од линијата за слободни. Тој го забележа 26-тиот последователен натпревар со повеќе од 30 поени.

Резервата Џералд Грин додаде 25 поени и гостите ставија крај на серијата од два последователни порази.

Донован Мичел со 26 поени беше најдобар за Јута, која освои 10 од неговите претходни 12 натпревари.

Шампионот Голден Стејт ги победи Лејкерси со 115:101. Клеј Томпсон беше најпрецизен со 28 поени, а Кевин Дурант додаде 21 поен и 11 асистенции.

Ѕвездата на гостите Леброн Џејмс доби пауза за натпреварот откако се враќати на теренот во четвртокот по 17 натпревари аут поради повреда.

Брендан Инграм заврши со 20 поени за Лејкерси.

Резултати од НБА:

Детроит – Лос Анџелес Клиперс 101: 111
Шарлот – Чикаго 125: 118
Орландо – Бруклин 102: 89
Вашингтон – Милвоки 115: 131
Кливленд – Далас 98: 111
Мајами – Индијана 88:95
Сан Антонио – Њу Орлеанс 113: 108
Голден Стејт – ЛА Лејкерс 115: 101
Минесота – Денвер 106: 107
Феникс – Атланта 112: 118
Јута – Хјустон 98:125
Сакраменто – Филаделфија 115: 108.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот