Харден се запиша во историјата на НБА лигата

Од:

Џејмс Харден од Хјустон стана првиот кошракар во НБА лигата кој во една сезона постигнал повеќе од 2.000 поени и им асистирал на соиграчите за повеќе од 2.000 поени. „Брадата“ ноќеска на дуелот со Голден Стејт стигна до 20. Трипл-дабл оваа сезона со 24 поени, 11 скока и 13 асистенции.

Резултати на средбите во НБА лигата одиграни ноќеска:
Шарлот – Милвоки 108:118,
Индијана – Минесота 114:115,
Атланта – Феникс 95:91,
Бруклин – Филаделфија 101:106,
Детроит – Мајами 96:97,
Хјустон – Голден Стејт 106:113,
Портланд – Денвер 122:113 и
ЛА Лејкерс – Вашингтон 108:119.

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 60-14 (победи-порази), Сан Антонио 57-16, Хјустон 51-23, Јута 45-29, ЛА Клиперс 44-31, Оклахома Сити 42-31, Мемфис 40-34, Портланд 36-38,…

Пласман Источна конференција: Бостон 48-26, Кливленд 47-26, Вашингтон 46-28, Торонто 45-29, Атланта 38-36, Милвоки 38-36, Индијана 37-37, Мајами 36-38,…

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот