Харден го предводеше Хјустон во победата над Кливленд

Од:

Џејмс Харден беше нерешлива енигма за кошаркарите на Кливленд во синоќеното дерби на НБА лигата, кое тимот на Хјустон го доби со 117-113.

Харден средбата ја заврши со „трипл-дабл“ учинок од 35 поени, 11 скока и 13 асистенции, а имаше ипет украдени топки. Тоа е вториот „трипл-дабл“ улинок сезонава за популарната „Брада“.

Голема помош Харден имаше од Капела кој пак оствари „даб-дабл“ со 19 поени и 13 скока. Во редовите на вицепрвакот очекувано најдобар беше Леброн Џејмс со 33 поени, 4 скока и 7 асистенции, но и 9 загубени топки.

За Хјустон тоа беше деветта победа сезона, со која се проби на второто место на табелата во Западната конференција, додека Кливленд го претрпе седмиот пораз по кој е во долниот дел на табелата во Истокот.

Пораз ноќеска доживеа и Оклахома и тоа на гостувањето кај Денвер со 102-94. Шестмина играчи кај домаќините имаа постигнато двоцифрен број на поени, а најмногу 21 Емануел Мудије, додека нова забелеќителна партија имаше и Никола Јокиќ со 15 поени и 11 скокови.

Кај гостите, а воедно и на натпреварот, најефикасен беше Кармело Ентони со 28 поени, додека Пол Џорџ и Расел Вестбрук придодадоа по 13, но тоа не беше доволно „Тандерси“ да го избегнат четвртиот пораз во низа, вкупно седми сезонава.

Успешната ноќ за домашните тимови ја надополнија, Вашингтон со победата над ЛА Лејкерс со 111:95, Торонто кој го совлада Њу Орлеанс со 122:118 и Сакраменто кој минимално со 109-108 беше подобар од Филаделфија.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот