Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон изјави дека е разочаран од својот настап на квалификациите за Големата награда во Италија.
-Едноставно возев како идиот. Ова беше моето најлошо возење по долг период. Жал ми е поради тимот-истакна тој.
Минатогодишниот победник слабо возеше во втората квалификациска фаза, па затоа во недела ќе стартува од 12-та позиција.
Ова на Хамилот му е најлош пласман во квалификациите годинава, но и најлоша позција од минатогодишната трка за Големата награда во Шпанија.
Трката во Италија ќе се одржи утре, во 14 часот.
Елена Георгиевска