Хамилтон триумфираше на британското Гранд при

Од:

На радост на домашната публика Луис Хамилтон победи во трката од Формула 1 шампионатот која се возеше за Големата награда на Велика Британија.

Во деветта трка од Ф1 првенството, возена на патеката Силверстон, пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон со импресивно возење прв ја мина целната рамнина, остварувајќи ја својата пета победа сезонава, вкупно 27-ма во кариерата.

Место на пиедесталот покрај Хамилтон обезбедија и Финецот Валтер Ботас од Вилијамс кој заврши како втор и Австралиецот Даниел Рикардо од Реад Бул кој заврши како трет.

Трката ја одбележа големиот инцидент на самиот почеток, кога по излетувањето на  Кими Раиконен кој целосно загуби контрола над болидот, на него налета Фелипе Маса, но за среќа двајцата возачи минаа без сериозни проблеми, а стартот на трката беше пролонгиран за еден час.

Иако денешната трка не ја заврши Нико Розберг, кој стартуваше од првата позиција, сепак Германецот и натаму е водечки во Генералниот пласман со 165 бодови, сега само 2 повеќе од клупскиот колега и денешен победник Хамилтон кој има 163, додека на третото место е Даниел Рикардо со 98 бодови.

Следната трка во Формула 1 шампионатот е на 20 јули на патеката Хокенхајм каде ќе се вози Гранд прито на Германија.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес