Хамилтон пред Розберг на стартот за Големата награда на Мексико

Од:

Британецот Луис Хамилтон ќе стратува од полпозицијата на 19-тата трка во Формула 1 шампионатот која вечерва ќе се вози за Големата награда на Мексико.

Актуелниот шампион Хамилтон во синоќешните квалификации оствари најдобар резултат, оставајќи го веднаш зад себе најголемиот конкурент за титулата и клупски колега Нико Розберг кој е пред него во генералниот пласман.

Од вториот ред трката ќе ја започнат возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикардо.

На три трки до крајот, вклучувајќи ја и денешната, водечки во генералниот пласман е Германецот Нико Розберг со 311 бодови, 26 повеќе од Хамилтон, додека Даниел Рикардо е трет со 227.

Розберг ќе има шанса да ја освои титула, доколку победи на трката, а Хамилтон не освои ниту еден бод.

Трката за Големата награда на Мексико која се вози вечерва ќе стартува во 20 часот по македонско време.

Би можело да ве интересира

Макс Ферстапен е шампион во Формула 1

А1он

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес