Двократниот и актуелен шампион во Формула 1, Луис Хамилтон е подготвен да потпише нов договор со Мерцедес тежок повеќе од 40 милиони долари годишно.
– Договорот може да биде потпишан оваа недела. Не постои никаква причина тоа да не се случи затоа што речиси сите детали се договорени, изјави британскиот возач.
Хамилтон би заработувал иста сума како во договорот склучен 2013 година исто така со Мерцедес (31 милион), додека со сите бонуси за победи и титули може да заработи многу повеќе од 40 милиони евра, што значи дека 4.500 долари дневно или 75 долари на минута.
Британецот првата титула ја освои во 2008 година како возач на Мекларен и е еден од тројцата најплатени возачи во Ф1 заедно со Германецот Себастијан Фетел и Шпанецот Фернандо Алонсо.