Британецот Луис Хамилтон денеска ја освои пол-позицијата за трката од Формула 1 шампионотат што утре ќе се вози за Големата награда на Австралија. За него ова беше четвртата по ред и шеста вкупно пол-позиција во Австралија и тоа го прави прв фаворит на утрешната трка.
Сепак, Хамилтон повикува на внимание и порачува дека ќе биде многу неизвесно.
– Разликите се мали и тоа е јасно. Не го почнав денот на најдобар начин. Се чувствував одлично претхондите два дена, но денес немав чувство дека се е во ред. Круговите не ги поминував совршено, на на крајот добро се заврши со освојување на првата стартна позиција. Во секој случај ќе биде многу неизвесно. Морам добро да се одморам и утре да се вратам на патеката најсилен од кога и да е, изјави Хамилтон.
Трката во Мелбурн со која ќе биде отворена новата Ф1 сезона ќе почне утре во 7 часот по македонско време.