Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон стигна до пол-позиција за утрешната трка во шампионатот во Формула 1. За Британецот ова е седма пол-позиција од осумте трки оваа сезона.
Од првиот ред веднаш до Хамилтон ќе стратува неговиот клупски колега Нико Розберг.
Од третото стартно место ќе тргне Себастијан Фетел од Ферари, а вториот ред ќе го комплетира Фелипе Маса од Вилијамс.
Главната трка ќе се вози утре од 14 часот напатеката „Ред Бул ринг“.
Во Генералниот пласман води Хамилтон со 151 бод, пред Розберг кој има 134, следуваат возачите на Ферари, Фетел (108) и Кими Раиконен (72).