Хамилтон: Јас просто се молев, моето срце скоро запре

Од:

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ги сподели своите впечатоци по седмата победа на британското Гран при. Тој денес на четвртата трка од сезоната 2020 го освои првото место со голема мака во последниот круг кога му пукна предната гума.

– До последниот круг сè изгледаше добро, Ботас постојано вршеше притисок, ме одржуваше во добра форма. Кога слушнав за проблемите на Валтери, сфатив дека морам внимателно да возам. И кога ми пукна гумата, болидот се спушти, сфатив дека ова е проблем, но не разбрав колку е сериозен. Продолжив да возам и само се молев да не ми се скрши предното крило за да можам да завршам. И така се случи. Јас сум многу изненаден. Големата предност ми дозволи да се надевам на најдоброто. И така се случи, но беше тешко. Само се молев, моето срце скоро запре, изави тој.

Би можело да ве интересира

Хамилтон ја забележа 90. победа во кариерата

Хамилтон и покрај големиот малер победи на британското Гран при

А1он

Хамилтон ја освои пол-позицијата за Големата награда на Британија

А1он

Хамилтон: Пред празни трибини ќе бидеме полоши отколку на тестовите, но подобро е од ништо

А1он