Хамилтон често размислува за пензија

Од:

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон го сподели своето мислење за крајот на кариерата.

– Често размислувам за пензија. Во текот на изминатите пет години, имаше многу пати кога не знаев дали навистина сакам да продолжам да тренирам на сметка на мојот личен живот. Впрочем, има и други работи што ги сакам. Всушност, има многу работи што би сакал да ги пробам. Од друга страна, си велам дека имам многу среќа што добив таква работа. Генерално, кариерата зад воланот на автомобил ќе биде само мал дел од мојот живот, изјави Хамилтон за „Скај спорт Италија“.

Британецот од тимот на Мерцедес е седумкратен светски шампион во Формула 1. Во јули, Мерцедес објави продолжување на договорот за возачот до крајот на сезоната 2023 година.

Би можело да ве интересира

Леклерк победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Италија

Расел победи на трката за Големата награда на Австрија

Инцидент во Формула 1 во Монте Карло, целосно уништен болидот на Серхио Перез

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур