Хабиб: Борбата со Мејведер ќе привлече 100.000 гледачи и ќе забележи рекорд по гледаност

Од:

Шампионот на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов одржа средба со шефот на руската боксерска федерација, на која ги прецизираа деталите за неговиот боксерски натпревар против поранешниот светски шампион Флојд Мејведер.

– Се сретнав со генералниот секретар на Руската боксерска федерација Умар Кремљев. Разговаравме за борбата со Мејведер. Ние сакаме оваа битка да се одржи во Москва на легендарниот стадион „Лужники“. Убедени сме дека ќе собереме 100.000 гледачи, а исто така ќе направиме светски рекорд за продажба на платени гледања (ППВ). И што е најважно, во мојот агол ќе биде татко ми, во Москва виза не му е потребна. Значи, прашање за моите обожаватели: Дали верувате во мене? Или мислите дека ќе ме победи, напиша Хабиб на неговата страница во Инстаграм.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Брутален нокаут: Волкановски ја загуби титулата

(ВИДЕО) Адесања спектакуларно го нокаутираше Переира: Три пати загуби од Бразилецот, четвртиот пат славеше

Предраг Петровиќ

Махачев ја доби „војната“ на шампиони против Волкановски

Борбата најавена како спектакл траеше само 16 секунди

(ВИДЕО) УФЦ: Махачев го „суреди“ Грин за една рунда, па побара меч за титула

Ана Ололовска

ВИДЕО: Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот

Ана Ололовска