Гвардиола: Титулата може да се освои со гол-разлика

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека шампионот во оваа сезона ќе биде определен во самиот крај на првенството и е многу веројатно на крајот, титулата да биде решена со гол-разлика.

Во моментов „граѓаните“ имаат предност од пет гола пред Ливерпул и токму по овој показател денес можат да излезат на прво место, во случај да го победат Евертон во дуел од 27-то коло на Премиер лигата.

„Првата задача за играчите е да го освојат натпреварот, а втората е – ако можат да постигнат повеќе голови, а ако можат да забележат и чиста мрежа, да го сторат тоа. Затоа што титулата може да биде освоена и со гол-разлика. Сигурен сум дека шампионот ќе се реши во последниот натпревар или во последните два круга, сигурен сум од тоа“, рече Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити ја доби Премиер лигата на суд: Ова ќе ги чини десетици и десетици милиони

Предраг Петровиќ

Гвардиола претпазлив пред дуелот со Реал во ЛШ: Не играме добро сезонава

А1он

Манчестер Сити може да загуби 40 бодови

А1он

„Уште се мачиме, но ова е олеснување“ – Гвардиола по победата на Сити над Вест Хем

А1он

Гвардиола воведе карантин и на Божиќ

А1он

(ВИДЕО) Четата на Гвардиола повторно поразена во Премиерлигата

А1он