Гвардиола ретерира: Не размислувам да заминам од Манчестер сити

Од:

Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече денеска дека би можел да остане во клубот и во следните пет години, оградувајќи се од изјавата која ја даде на бразилскиот економски форум.

Шпанскиот тренер во средата пред група бразилски инвеститори изјави дека ќе му биде потребен одмор кога во 2023 година ќе му истече договорот со Сити, по што би сакал да предводи јужноамериканска репрезентација.

-Не размислувам да заминам по две години. Можам да заминам и после два месеци доколку резултатите не бидат добри или не клубот не е задовилен од мојата работа. Можам да заминам за две месеци или за пет години. Во моментов немам причина да си одам, изјави Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Гвардиола го продолжи договорот со Манчестер Сити на уште две години

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити

Гвардиола: Имавме голем тактички проблем со Брентфорд

Гвардиола: Халанд ќе дебитира, освен ако не го скрши глуждот

Гвардиола: Не се грижете, јас нема да сум Алекс Фергусон

А1он