Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола ќе направи уште еден обид да го засили тимот со Леонардо Бонучи, тврди Goal.com. Се очекува понуда до Јувентус да биде направена следното лето кога ќе се отвори трансфер пазарот.
Сепак, малку е веројатно дека ќе се постигне договор затоа што самиот дефанзивец не сака да ги напушти „бјанконерите“. За една недела, тој ќе наполни 33 години и има договор до 2024 година.
Се очекува Бонучи да ја наследи капитенската лента кога еден ден Џанлуиџи Буфон и Џорџо Киелини ќе се откажат од фудбалот.