Во пресрет на почетокот на периодот во кој важат зимски услови за возење, производителите на пневматици излегуваат на пазарот со нови зимски гуми.
За оваа зимска сезона „Гудиер“ го претстави новиот пневматик „UltraGrip Performance“.
Новиот пневматик претставува продолжение на „UltraGrip“, приказна што трае веќе 44 години. Гумите со оваа ознака се продадени во околу 60 милиони примероци низ целиот свет.
Моделот „UltraGrip Performance“ е проектиран да може да одговори на предизвиците за возење во сите зимски услови, како на снег, така и на снежна лизгавица и на мраз, благодарение, пред се, на подобрените ламели со системот за меѓусебно преплетување и усовршениот дезен на газниот слој.
За возачот да може полесно да процени кога истрошената гума треба да ја замени со нова, „Гудиер“ пневматикот го опремил со индикатор за абење на газниот слој.