Драги Гудељ (26) повторно колабираше на теренот. Братот на Немања Гудеља колабираше во 28. минута од натпреварот меѓу Мелиља и Кордоба. Веднаш е префрлен во болница, а лекарите ја следат неговата состојба.. Натпреварот веднаш е прекинат, направена е промена и итно е префрлен во болница.
За жал, ова не му се случува првпат, во март годинава колабирал среде игра и лекарите едвај го вратијаво живот. Сега, според шпанските медиуми, не било толку сериозно како пред неколку месеци. За сето ова неодамна зборуваше и самиот.
„Само гледаш црно, црно и чувствуваш како ти се затвораат очите. Татко ми беше со мене, не можам ни да замислам како се чувствуваше гледајќи го синот како умира на теренот. Цел свет застанува кога ќе ти кажат дека срцето ти застанало на три и пол минути. Во тие моменти не бев свесен што се случува. Ми се чинеше дека тоа траеше една секунда. Сакав да продолжам да играм, не сакав да го изневерам тимот“, изјави тогаш Драги.