Гудељ е свесен и стабилен, ќе биде задржан на опсервација

Од:

Српскиот фудбалер Драгиша Гудељ, брат на репрезентативецот на Србија, Немања, заврши во болница откако ја загуби свеста на натпревар помеѓу неговиот клуб Кордоба кој гостувањеше кај Расинг Ферол.

Српскиот фудбалер падна на земја и изгуби свест. За брзо време реагираа лекарите од брзата помош и му беше укажана прва помош. Откако се стабилизира состојбата, тој беше ставенна носилки и со брза помош е пренесен во локалната болница.

По шокантните сцени од Шпанија, клубот на српскиот фудбалер се огласи и откри во каква состојба е Србинот.

На официјалната сметка на Кордоба е дадено известување дека Гудељ е свесен и во стабилна состојба, како и дека ќе биде задржан на опсервација и да се направат тестови.

Би можело да ве интересира

Гудељ повторно колабираше за време на натпревар, пренесен е во болница

Горан Наумовски

Гудељ му се враќа на фудбалот во стилот на Кристијан Ериксен

Горан Наумовски

Гудељ по вчерашниот колапс: Вистинскиот воин не се откажува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Драгиша Гудељ колабираше на теренот и остана без свест

Горан Наумовски