Драгиша Гудељ ќе продолжи да игра соопштија од неговиот клуб Кордоба.
„Драгиша сака повторно да игра фудбал, објави во детално соопштение шпанскиот клуб и даде детали:
– На нашиот фудбалер ќе му биде вграден апарат ICD (implantable cardioverter defibrillator) и ќе може да ја продолжи фудбалската кариера. Лекарските прегледи потврдија дека Гудељ боледувал од вентрикуларна тахикардија, која предизвикала срцев удар, а со тоа и ненадејна смрт. Со брзата интервенција на медицинските служби успеал да си го спаси животот. Драгиша ќе биде во ликот на Кристијан Ериксен. На данскиот играч му се случи истото на натпреварот од ЕП 2020 и успеа да се врати да се натпреварува на највисоко ниво. Тој игра за Манчестер Јунајтед. Уште еднаш, од клубот сакаме да изразиме благодарност за апсолутната грижа и се што направија за уште еден играч во болницата – велат од Кордоба.