Група крадци украле мотори од фабрика на Јагуар Ленд Ровер во вредност од 3 милиони фунти

Од:

Група на крадци успеале да влезат во фабриката на Јагуар Ленд Ровер во Солихал во Велика Британија и да заминат со мотори за автомобили во вредност од 3 милиони фунти.

Како што објавија британските медиуми, крадците влегле со трактор во фабриката, на кој што закачиле приколка полна со мотори за автомобили и заминале.

Крадците биле доволно паметни да ја украдат и документацијата за моторите за да тие изгледаат легитимни. Целата кражба траела вкупно шест минути.

Празната приколка подоцна била најдена во близина на градот Ковентри, но најневеројатниот податок од приказната е дека крадците се вратиле со истиот трактор и украле уште една приколка со уште мотори, неколку часа подоцна.

Од полицијата соопштиле дека сигурносните камери ги снимиле инцидентите, но се уште не ги објавуваат снимките.

Од фирмата Јагуар Ленд Ровер нудат значителна награда за некој кој има информации кои би воделе кон решавање на случајот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снежно невреме ја парализираше Велика Британија, откажани летови и во Германија

Катерина Ѓуровски

Велика Британија исели речиси 13.500 мигранти

Стармер: Зајакнување на поддршката за Украина пред мировните преговори

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски