Грос победник на слаломот во Аделбоден

Од:

Италијанскиот скијач Стефано Грос е победник на денешниот слалом што се возеше во швајцарскиот ски центар Аделбоден.

Тој до својата прва победа во кариерата стигна во лоши временски услови и тешка патека за време на двете слаломски трки. Грос имаше вкупно време 1:56.70 минута и беше за само две стотинки побрз од Германецот Фриц Дофер, а за три стотинки од Австриецот Марсел Хиршер.

Со денешните 60 поени за третото место Хиршер е водечки во пласманот за слалом со 376 бодови, додека Феликс Нојројтер кој остана без бодови денеска е втор со 320.

Во генралниот пласман Хиршер е лидер со 836 бодови, пред Норвежанецот Кјетил Јансруд, кој има 624.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска