Напаѓачот на француската репрезентација и на Атлетико Мадрид – Антоан Гризман, откри дека е подготвен да инвестира во кошаркарски клуб од НБА лигата.
– Не ја следам многу француската кошарка. Но многу гледам натпревари од НБА. Тоа е како дрога. Да инвестирам во кошаркарски клуб? Тоа е добра идеја. Отворен сум за предлози. Ако има некој понуда со интересен проект, може да преговараме, рече Гризман во интервју за весникот „Ле Фигаро“.
Францускиот играч никогаш не ја криел својата пристрасност кон најсилното кошаркарско првенство во светот и често може да биде забележан на трибините на натпревари во САД, кога не е зафатен со обврските за Атлетико и националниот тим.