Гризман ја прекина соработката со „Хуавеј“ поради „репресивен однос кон Ујгурите“

Од:

Францускиот репрезентативец Антоан Гризман обелодени денеска дека ја прекинал соработката со „Хуавеј“, поттикнат од сомневањата дека кинескиот технолошки гигант придонесува кон, како што наведува фудбалерот, „репресивната политика“ врз Ујгурите, доминантно муслиманско малцинство во Кина.

Објавата на 29-годишниот фудбалер на Барселона на неговиот Инстаграм профил уследи по медиумските написи дека „Хуавеј“ тестирал софтвер способен да детектира припадници на ујгурското малцинство преку нивно ликовно препознавање, со намера да им помогне на кинеските власти во контролата врз оваа етничка група.

-Откако излегоа на виделина сериозни обвинувања дека „Хуавеј“ придонела кон детектирање на Ујгурите, благодарение на нивниот софтвер за препознавање ликови, објавувам моментален прекин на партнерството со компанијата, наведе Гризман.

Тој ја повика кинеската компанија „не само да ги демантира обвинувањата, туку час поскоро да преземе конкретни чекори за осуда на таквата масовна репресија“.

Би можело да ве интересира

Трансферите на Кутињо и Гризман во Барселона – најлоши зделки во историјата на фудбалот

Предраг Петровиќ

Канада го забрани пристапот на „Хуавеј“ до 5Г мрежите

Од денеска АНХОЧ започнува со преднарачка на најновиот Huawei Nova 9!

А1он

Гризман стана првиот играч во историјата на ЛШ кој постигнал два гола и добил црвен картон на ист натпревар

Ана Ололовска

САД и Хуавеи постигнаа договор за враќање на директорката на компанијата во Кина

Куман за преселбата на Гризман во Атлетико: Едноставно ужасно

А1он