Организаторите на трката во Формула 1 за Големата награда на Монако успеаја да договорат враќање на грид-девојките, односно „девојките од стартот“ кои ќе ги претставуваат возачите на натпреварувањето во Кнежевството.
– Тие сфаќаат дека Монако не е како останатите трки. Овде посетителите доаѓаат да ја гледаат трката од своите јахти со чаша шампањ, а не да јадат колбаси од трибините. Немаме никакви проблеми со сопствениците на Формула 1, ги слушнаа нашите аргументи и грид-девојките ќе бидат дел од нашата трка, истакна првиот човек на трката во Монако, Мишел Бори.
Претходно организаторите на Формула 1 ја укинаа повеќегодишната пракса атрактивни девојки да ги најавуваат возачите на стартот на трката со образложение дека тоа е во спротивност со вредностите на мотоспортот.
Трката во Монако ќе се одржи на 27 мај.