Кадетската репрезентација на Грција е исфрлена од Европското првенство за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје.
По скандалот што кадетките од нашиот јужен сосед го направија вчера, во мечот со репрезентацијата на Македонија, Европската ракометна федерација (ЕХФ) експресно, денеска донесе одлука, Грција да биде суспендирана и казнета.
– Отворена беше постапка против грчката федерација и дисциплинската комисија одлучи дека тие имале обврска да го играат мечот според правилникот на ЕХФ. Според членот 7 од листата на казни на ЕХФ; Грција е исфрлена од шампионатот, а според членовите 12 и 14.1 од правилникот резултатот се регистрира со 10. Грција исто така е казнета со 25 илјади евра, како и останати трошоци можеби ќе треба да се платат. Комисијата сопре донесување на други суспензии за грчката федерација. Грците имаат право на жалба, но сооглед дека првенството се игра, таа жалба нема да има никаков ефект, објави ЕХФ.
Потсетување дека вчера мечот меѓу Македонија и Грција траеше само 32 секунди, по што Гркинките се повлекоа, бидејќи на маиците на нашиот стручниот штаб пишува Македонија.