Гостински победи на Олимпијакос и Фенербахче

Од:

Екипите на Олимпијакос и Фенербахче забележаа победи на гостувањата во Шпанија, против Валенсија и Басконија.

Во дуелите од 10. коло на кошаркарската Евролига, Олимпијакос го победи шпанскиот првак Валенсија со 72-64, со што грчкиот тим повторно се проби на првото место на табелата.

И актуелниот евrопски шампион Фенербахче се радуваше на петта победа совладувајќи ја Басконија со 83-69, со што ја прекина серијата од три победи по ред на шпанскиот тим.

Предноста на домашниот терен ја искористија Химки во дуелот против Бамберг 82-73, Анадолу Ефес, кој со 73-68 го совлада Армани Милано, како и Макаби, кој во Тел Авив беше подобар од Жалгирис со 81-74.

Останатите натпревари од оваа рунда на програмата се денеска, а двојките се: ЦСКА Москва – Барселона, Панатинаикос – Уникаха и Реал Мадрид – Црвена звезда.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос