Горбок: Не одигравме според договорот, но најважно е што победивме

Од:

Рускиот ракометар во тимот на Вардар за синоќешната победа против Нексе рече дека е остварена со игра која во целост не ги исполни задачите од тренерот, но сепак важно е што се задржа победничкиот ритам пред почетокот на Лигата на шампионите.

– Беше добар натпревар. Не направивме се што ни кажа тренерот. Грешевме многуво нападот со што му овозомживме на Нексе контранапади. Беше тежок меч и затоа важно е што победивме, изјави Горбок.

Тренерот Раул Гонзалес кажа дека решавачка била одбраната во првото полувреме, кога излезе Тимур Дибиров напред во зоната 5-1 и го збуни противникот.

– Нексе одигра многу добар натпревар,а нам ни беше многу тешко. Во првото полувреме имавме проблеми во нападот, губевме многу топки и примивме многу голови од контри. Кон крајот ја подобривме одбраната, со Тимур во 5-1, почнавме да трчаме многу и тоа беше добро. Во вториот дел направивме седум гола разлика, но потоа тренерот на Нексе направи 5-1 зона, го неутрализира Карачиќ и не знаевме како да играме, беше многу тешко. Мораме да се поправиме, зашто разликата ја загубивме за многу бргу време. Нексе одигра одлично, рече Раул.

Вардар синоќа го совлада Нексе од хрватска со 31:28 и со максимални три победи е на врвот на табелата во СЕХА лигата.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он