Горбок: Имаме сила за победа со Рајн-Некар

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар утре патува за Германија, на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, против екипата на Рајн-Некар Левен.

Вардар има 13 бода на второто место во групата Ц, Рајн-Некар само еден помалку, што значи дека и реми им одговара на „црвено-црните“ за да останат на втората позиција.

Сепак, ракометарите во „црвено-црно“ не сакаат да тактизираат и размислуваат за победа. Такви се мислите и на Сергеј Горбок, човекот кој до минатата пролет настапуваше токму за следниот ривал.

– Ова ќе биде одличен натпревар и голема шанса за нас да го освоиме второто место. Точно, играв во Рајн-Некар, но тоа нема никакво значење, немам никаков притисок. Важно е само тоа дека треба да одиме на победа. Сигурно дека имаме сила да победиме, само да успееме да го одиграме сето ова што не советува тренерот сега, изјави Горбок.

Ракометот е спорт број еден во Мајнхајм и затоа сигурно „САП Арена“ ќе биде исполнета до последното столче, што значи дека против Вардар ќе навиваат петнаесетина илјади луѓе.

– Во Германија има добри фанови, но тоа не е како во Скопје и не се како нашите Комити и затоа не очекувам некој голем притисок од публика, рече Горбок.

Натпреварот меѓу Рајн-Некар и Вардар се игра в сабота во 21 часот.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он