Гонзалез: ПИК Сегед игра како екипа и затоа е тешко да се игра против нив

Од:

Македонскиот ракометен шампион Вардар во недела го игра натпреварот од 2.коло од Б групата од Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува унгарската екипа ПИК Сегед, која исто како и Вардар во првото коло постигна победа.

На денешната прес конференција тренерот на „црвено-црните“ Раул Гонзалез истакна:

– Добро е што на првиот натпревар освоивме два бода. За ривал во следното коло го имаме ПИК Сегед кој е добра екипа која постигна победа над Киелце. Тоа е екипа која постојано водеше на тој дуел со 3-4 голови разлика. Сегед игра како екипа и затоа е тешко да се игра против нив. Добро трениравме оваа недела.

Во редовите на Вардар на повреди се жалат Лука Циндриќ и Игор Карачиќ, но Гонзалез очекува и двајцата да бидат подготвени за неделниот натпревар.

Голманот на Вардар, Арпад Штербик со 17 одбрани беше прогласен за голман на првото коло.

– Очекувам дека ќе играме тежок натпревар. ПИК Сегед е незгоден ривал, кој последните 2-3 години постојано го крева нивото на играта. Лани го елиминираа Рајн Некар Ловен и го победија Кил. Повеќе стравувам од овие дуели откаолку од Барселона, истакна Штербик.

Натпреварот Вардар – ПИК Сегед се игра во недела со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он