Гонзалес: За да останеме втори, треба да го победиме Монпеље

Од:

Тренерот на македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, Раул Гонзалез на денешната прес-конференција рече дека неговиот тим мора да ги освои бодовите на дуелот в сабота со Монпеље за да го зачува второто место на табелата.

– Не очекува многу тежок натпревар кој мора да го добиеме за да останеме на второто место. Противникот Монпелје има квалитетен тим, а тоа го потврдува лидерското место во Француското првенство. Играат многу незгоден ракомет за нас, менуваат неколку формации во одбраната, 3-2-1, 6-0, 5-1. Сепак, ние добро сме подготвени и очекувам да се прикажеме во вистинско светло, изјави Гонзалес.

Тежок дуел очекува и капитенот на „црвено-црните“ Филип Лазаров.

– Монпеље е силна екипа со гостински победи против Цеље и Чеховски Медведе, а беа блиску и до бодови во Веспрем. Значи не очекува многу тежок натпрвар и многу важен за конечниот пласман во групата, потенцира Лазаров.

Во пресрет на саботниот дуел со францускиот претставник, Вардар се соочува со мали проблеми поради отсуството на неколкуте последни тренинзи на триото Немања Прибак, Алем Тоскиќ и Алекс Душебаев, играчи за кои тренерот Гонзалес верува дека ќе му бидат на располагање.

Натпреварот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ од 19 часот.

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар