Гонзалес: Сега имаме подобра одбрана

Од:

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез почна со подготовката на тимот со кој повторно ќе се обиде да биде меѓу најдобрите во државата, регионот и Европа.

СЕХА лигата и ЕХФ Лигата на шампионите се „старо-нов” предизвик за црвено-црните.

Со новите засилувања кои се веќе приклучени „вардарци“ имаат подмладен тим, кој без разлика на младоста има искуство во играњето неизвесни натпревари. Сите зад себе имаат настапи во Лигата на шампионите.

Гонзалез побара трепение од „староседелците” околу вклопување на новите засилувања во системот на работа, и им посака успешна сезона.

– Имаме помлади играчи, кои се повисоки, и имаме подобра одбрана. Можеме да играме одбрана и напад, и не мора многу да менуваме. Сега сме на почеток, не знаеш како ќе играат. Но, мислам дека потпишавме со добри ракометари. Имаме доста време за ЛШ, но ќе биде и тешко. Можеме да играме и подобро. Но, сите екипи сега се силни во групната фаза и сите имаат амбиции како нас, изјави Гонзалез за веб страната на Вардар.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он