Гонзалес го објави поширокиот список за дуелите со Чешка и со Украина

Од:

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Раул Гонзалез, денеска го објави поширокиот список од 28 ракометари на кои ќе смета за последните два квалификациски натпревари за пласман на ЕП 2018 против Украина и Чешка.

На списокот на Гонзлаес се наоѓаат:

Борко Ристовски – Барселона
Мартин Томовски – Металург
Никола Митревски – Бенфика,
Мартин Велковски – Металург
Дејан Манасков – Рајн Некар Левен
Гоце Ојлески – Одорхеи
Никола Костески – Металург
Гоце Георгиевски – Букурешт
Мартин Поповски – Вардар Јуниор
Филип Талески – Рајн Некар Левен
Филип Лазаров – Тимисоара
Аце Јоновски – Бергишер
Велко Маркоски – Загреб
Златко Даскаловски – Универзитатеа
Стефан Дрогришки – Металург
Филип Миркуловски – Вецлар
Кирил Лазаров – Барселона
Горан Крстевски – Еурофарм Работник
Костадин Петров – Металург
Никола Маркоски – Орошази
Стојанче Стоилов – Вардар
Жарко Пешевски – Металург
Влатко Митков – Кремс
Филип Кузмановски – Металург
Марко Нелоски – Металург
Даниел Ѓорѓески – Вардар Јуниор
Дарко Димитриевски – Борец
Владо Недановски – Вардар Јуниор.

Последните две средби од квалификациите за ЕП Хрватска 2018 ќе бидат клучни за конечната разврска во квалификациската група, во која сите четири репрезентации – Македонија, Чешка, Исланд и Украина, засега имаат ист број на бодови.

Натпреварот против Украина на гостински терен во Суми, Македонија ќе го одигра на 15 јуни 2017 (19:00 часот), додека последната средба од квалификациите против Чешка во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје е закажана за 18 јуни (20:45 часот).

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ