Голема победа за ЖРК Вардар против европскиот првак Ѓер

Од:

Женскиот ракометен шампион Вардар забележа победа над Ѓер со 24:18 во првиот дуел од четвртфиналето од Лигата на шампоните.

Вардарки вечерва во СЦ „Јане Сандански“ бодрени од преку 4.500 гледачи забележаа убедлива победа против унгарскиот и актуелен европски шампион. Овој резултат е голем успех и им дава шанси на „црвено-црните“ за пласман на Фајнл фор турнирот.

Избраничките на Кастратовиќ ги спуштија гостинките на само 10 гола по првото полувреме (14:10), во средината на второто полувреме имаа и плус шест (21:15), но следуваше серија на Унгарките, во меѓувреме и промашен пенал од Андреа Лекиќ за во последните пет минути да се влезе со резултат 22:17. До крајот вардарки успеаја да додадат уште еден гол позитива.

Најефикасни во домашниот состав беа Јованка Радичевиќ со 7 погодоци и Андреа Пенезиќ со 5. На голот одлични беа Ина Суслина со 14 и Амандин Лејно со одбранети два седмерци и еден „зицер“.

Кај Ѓер се истакна Ана Сен со пет голови.

Реваншот во Будимпешта ќе се одигра следната сабота.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска