Голем хендикеп за Турција, Диксон нема да игра на Евробаскет

Од:

Организаторот на играта на турската кошаркарска репрезентација Боби Диксон поради повреда нас бутниот мускул нема да игра на Европското првенство кое почнува денеска.

Тоа ќе биде огромен хендикеп за Турција, бидејќи зад него е одлична сезона во Фенербахче, со кого се искачи на европскиот трон и го освои домашниот шампионат.

Селекторот на Турција, Уфук Сарџидд одлучи за ова првенство да настапи со следниве играчи: Седај Осман, Догуш Балбај, Фуркан Коркмаз, Еркан Вејселоглу, Сертак Санли, Кенан Сипахи, Фуркан Алдемир, Мелих Махмутоглу, Барис Харшек, Синан Гулер, Гоксекин Коксал и Семих Ерден.

Турција ќе биде една од домаќините на Европското првенство и ќе игра во група со Србија, Русија, Латвија, Белгија и Велика Британија во групната фаза во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Почина Дражен Далипагиќ

А1он

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он