Кошаркарите на Голден Стејт се на чекор до пласман во големото финале на НБА лигата.
„Воините“ ноќеска ја остварија и третата победа во дуелот против Сан Антонио и тоа на гостински терен совладувајќи ги „Потковиците“ со 120-108 со што Голден Стејт поведе со 3-0 во победи во финалето на Западната конференција.
Кевин Дурант со дабол-дабл учинок од 33 поени и 10 скокови како и Стеф Кари кој средбата ја заврши со 21 постигнат поен беа најзаслужни за оваа победа на Голден Стејт. Кај домаќините најефикасен беше ветеранон Ману Џинобили со 21 поени.
Првата „меч топка“ за пласман во големото финале Голден Стејт ќе ја има во вторник наутро на теренот на противникот.
Ноќеска (02.30 часот) по полноќ Кливленд и Бостон ќе го одиграат третиот натпревар во финалето на Истокот, во кој актуелниот шампион Кливленд ќе влезе со предност од 2-0 во победи.