Голден Стејт го одбрани трофејот во НБА лигата

Од:

Со убедливи 4-0 во победи во финалната серија од НБА лигата, тимот на Голден Стејт ја одбрани шампионската титула во НБА лигата.

Последната победа од финалето во плејофот „Воините“ ја остварија рано утрово на гостувањето кај Кливленд со 108:85.

До победата, гостите дојдоа со подобра игра во првата и третата четвртина кои ги добија со 34:25 и 25:13.

Стеф Кари со 37 поени го предводеше својот тим до завршниот чекор кон тронот во најсилната светската кошаркарска лига. Значаен придонес имаше и Кевин Дурант со трипл-дабл остварување – 20 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

Во спротивниот табор уште еднаш најдобар беше Леброн Џејмс со 23 поени, осум асистенции и седум скока.

Втор пат по ред Дурант е прогласен за најкорисен (МВП) играч во финалето.

За Голден Стејт ова беше шести трофеј во НБА лигата и деветти тим кој финалето го добива со „чисти“ 4-0.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот