Гоџа најбрза во Супер-Г трката во Сент Мориц

Од:

Одличен ден за Италија на Супер-Г трката од Светскиот куп во алпски дисциплини, одржана на патеката во Сент Мориц.

Италијанката Софија Гоџа победи во трката со време од 1:12,96 минути, а по неа следуваше нејзината сонародничка Федерика Брињоне. Втората беше лидер во пласманот, но беше надминаната за само една стотинка од секундата од Гоџа. Трета заврши американската суперѕвезда Михаела Шифрин. Таа исто така имаше силна трка и беше блиску до победа, но остана на 13 стотинки зад Гоџа.

За олимписката шампионка од ПјонгЧанг 2018, ова беше нејзина прва победа во Супер-Г од март 2018 година, кога беше најбрза во Оре. Италијанката ја запиша седмата победа во Светскиот куп.

Денешната победа за Гоџа е уште поимпресивна, имајќи предвид дека во подоцнежната фаза од трката и ’падна едната штека, но тоа не ја спречи да запише најдобар резултат.

По втор пат оваа сезона, две Италијанки завршуваат на првото и на второто место на стартот на Светскиот куп. Во велеслаломот во Килингтон Брињоне беше втора, а победник беше Марта Басино.

Во генералниот пласман на Светскиот куп, продолжува да води Микаела Шифрин со сè посериозно водство пред конкурентите. Американката има 532 бода, а потоа следи Германката Викторија Ребензбург со 261 и Федерика Брињоне има 241. Гоџа е седма со 186 бода.

Би можело да ве интересира

Еден од најдобрите ски скокачи ја заврши кариерата, не се опорави од тешкиот пад

Предраг Петровиќ

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска