Италијанката Софија Гоџа победи на супервелеслаломот возаен денеска во Џеонгсеон, Јужна Кореја во рамките на Светскиот куп.
Времето на Гоџа со која ја мина патеката е 1:20.35 минути. Исто како и на саботниот спуст второто место го освои Линдзи Вон (САД), додека трета беше Илка Штухец од Словенија.
За Гоџа ова беше прва супер-џи победата по што се искачи на петтото место во вкупниот поредок во оваа дисциплина со 240 бодови. Води Штухец со 350 пред Тина Вајрајтер од Лихтенштајн со 335 бода и Лара Гут (Швајцарија) која има 300 бода.
Во Генералниот пласман прва е Микаела Шифрин со 1.323 бода, пред Штухец со 1.145 додека трета е Гут со 1.023 бода.