Глобо: Титулата во „Копа Судамерикана“ за Шапекоенсе

Од:

Јужноамериканската Фудбалска Асоцијација КОНМЕБОЛ веќе донела одлука титулата во „Копа Судамерикана“ да биде доделена на бразилскиот клуб Шапекоенсе откако повеќемина од фудбалерите и стручниот штаб загинаа во авионската несерќа пред неколку дена во Колумбија.

Бразилскиот весник „Глобо“ тврди дека раководството на КОНМЕБОЛ ја донело одлуката, а на ваков чекор се решило откако и самиот противнички тим Атлетико Насионал јавно се откажал од пехарот и воедно противникот во финалето ја покрена оваа иницијатива.

Според „Глобо“ одлуката е веќе донесена, но за да биде официјлана мора да биде потврдена и од „Советот на КОНМЕБОЛ“, а тоа треба да се случи на следниот состанок на 21.декември. Воедно објавата таа одлука ќе почека бидејќи во Бразил се денови на жалост и од таа причина ќе биде соопштена подоцна.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он