Ѓукиќ ново име во редовите на Металург

Од:

Македонскиот ракометен шампион Металург продолжува со засилувањата за новата сезона. Нов ракометар во ростерот на Металург е Дарко Ѓукиќ, кој потпиша тригодишен договор.

Ѓукиќ има 20 години и игра на позиција десно крило и се очекува да биде надополнување на македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски. Тој досега беше играч на Железничар од Ниш и тој беше едно од очекуваните засилувања за тимот на Металург.

За официјалната интернет страница на клубот Ѓукиќ изјави дека е задоволен од пристапувањето кон екипа која ќе игра во Лигата на шампионите.

– Се радувам на соработката со еден од најдобрите тренери во светот, Лино Червар. Се радувам што ќе бидам дел од еден голем клуб, каков што е Металург. Секако, посебен аргумент во полза на моето доаѓање во Металург е и настапот во Лигата на шампионите. Металург за мене е нов предизвик, нова средина и јас се надевам дека ќе ги исполнам очекувањата. Верувам дека периодот поминат во Металург ќе го искористам за мој дополнителен развој, истакана најновото засилување на македонскиот шампион.

Ѓукиќ по потпишувањето на договорот веднаш ќе се приклучи на екипата која во неделата ги почна подготовките и веќе се наоѓа во Маврово.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска