Ѓорѓиоски: Треба да ја препознаеме вредноста на фудбалот

Од:

Во пресрет на вечерашниот квалификациски натпревар помеѓу репрезентациите на Шпанија и Македонија за пласман на СП 2018 година, официјална средба имаа раководствата на двете федерации претставувани од претседателот на Фудбалската федерација на Шпанија, Анхел Виљар и првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски.

– Ние сме горди што на наша страна секогаш ќе ја имаме поддршката од Шпанската фудбалска федерација и од претседателот Виљар. Љубовта и посветеноста кон фудбалот ги тера да бидат подобри од ден на ден. Задоволство е што во последно време позитивно се гледа на македонскиот фудбал, пласманот на нашата млада репрезентација на Европското првенство беше повод за честитки и од претставниците на шпанската федерација, а се надевам дека нашите резултати и успеси многу брзо ќе ги достигнеме и со А репрезентацијата. Мораме сите да ја препознаеме вредноста и улогата на фудбалот и да се бориме заедно, истакна во својот говор Илчо Ѓорѓиоски, претседател на ФФМ.

На состанокот беа присутни влијателни луѓе од фудбалот во Шпанија, а гостин на Шпанската фудбалска федерација беше и градоначалникот на Гранада.

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски