Ѓоргиев: Сакаме да стигнеме до Европското првенство

Од:

Македонската одбојкарска репрезентација во краjно неизвесен натпревар ја совлада на гости Швајцарија со 2:3 во сетови во четвртото квалификациско коло за Европското првенство во 2019 година.

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, имаше извореден учинок и оствари 33 поени (31 од напад, два од блок).

– Исцрпени сме, но среќни. Ова е третпат да водиме со 2:0 и пак мора да играме во пет сета. Мислам дека нашата група е многу тешка. Нашите навивачи создадоа неверојатна атмосфера овде во Шоненверд и се чувствував како дома. Ни дадоа дополнителна мотивација за да го освоиме петтиот сет. Секогаш сме пропуштале големи настани како Европското првенство само поради еден поен, сега сакаме да стигнеме до главниот настан, истакна Ѓоргиев по натпреварот.

Македонија овој квалификациски циклус го завршува со две победи и два порази, а клучните два натпревари за пласман на ЕП ќе ги игра во јануари идната година.

Македонските одбојкари прво ќе гостуваат кај Украина, а последниот натпревар од квалификациите го играат дома против Унгарија.

Македонија е втора во групата Ф со шест бодови, а Украина со 11 се наоѓа на водечката позиција, Швајцарија има четири и Унгарија е последна со три бодови.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ