Македонската одбојкарска репрезентација трета година по ред го освојува сребрениот медал во Европската лига. Иако црвено-жолтите не успеаја да се искачат скалило погоре, односно да стигнат до шампионскиот трофеј, сепак со прикажаните игри на осумте натпревари двајца наши репрезентативци заслужено се најдоа во идеалниот тим на лигата.
Капитенот Никола Ѓоргиев е избран за најдобар коректор, додека Ѓоко Јосифов за најдобар среден блокер.
Покрај македонските одбојкари, во „идеалниот тим“ се и тројца Украинци, Володмир Ковачук, Олексеј Клиамер и Максим Дрозд, како и Швеѓанецот Антон Вијк Тегенрот и домашниот дански одбојкар Расмус Нилсен.
Признанието „најкорисен играч на турнирот – МВП“ му припадна на Украинецот, Максим Дрозд.
Со триумфот во Европската лига селекцијата на Украина се избори за настап во Светската лига.