Ѓоргиев: Го заслуживме големото финале

Од:

Со победата од 3:1 во сетови против Црна Гора во првиот полуфинален натпревар одигран синоќа во Скопје, македонската одбојкарска репрезентација е со големи шанси да се пласира во финалето на Европската лига.

– Игравме под притисок, но сега тој притисок е кај противникот и тие ќе мора да одат на победа. Со овој резултат блиску сме до посакуваната цел пласман во финалето, кое и го заслуживме. Имавме и падови во играта, но тоа беше пред се од големата желба за триумф, изјави капитенот Никола Ѓоргиев по натпреварот.

Задоволен од резултатот и од играта беше и селекторот Жарко Ристоски кој истакна дека оваа победа ја заслужија играчите. – Црна Гора не е нималку лесен ривал. Играчите одиграа толку колку што ни требаше, затоа што сепак ни следува реваншот и треба да се зачуваат силите. Одбојкарите денеска имаат слободен ден, а од утре следува подготовка за реваншот во Будва. Имавме падови во текот на натпреварот и ќе се обидеме да ги намалиме во следниот натпревар, рече Ристоски.

Реванш натпреварот се игра на 16.јули (среда) во Будва. Во второто полуфинале од Европската лига во сабота првиот натпревар го играат Грција и Словенија.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ