Ѓорческа во четвртфиналето на фјучрсот во Истанбул

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа се избори за место во четвртфиналето на фјучрсот во Истанбул, Турција кој се игра за награден фонд од 50 илјади долари.

Македонката денеска за скоро два и пол часа игра ја победи Русинката Полина Лејкинасо 2-1, по сетови 1:6, 7:5 и 7:6 (2).

Ова е голем успех за Ѓорческа која на ВТА листата е на 311. место, а руската тенисерка 190-та.

Во четвртфиналето Ѓорческа ќе игра против седмата носителка Кристина Дину од Романија (221-ва на ВТА).

Попладнево Ѓорческа ќе го игра и првиот меч во игра на двојки на турнирот во Истанбул.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ